понеделник, август 17, 2026
Дома СВЕТ Дипломатски пресврт? По необичниот состанок со Хамас, Нетанјаху се среќава со зетот...

Дипломатски пресврт? По необичниот состанок со Хамас, Нетанјаху се среќава со зетот на Трамп

0
EPA/RONEN ZVULUN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес треба да се сретне со посредникот и зет на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, еден ден откако одржа необичен состанок со претставници на Хамас во Каиро во обид да го претстави мировниот план на американскиот претседател за Газа.

Дипломатски извор сооопшти дека лидерот на Хамас, Калил Ал-Хаја, бил присутен на некои од состаноците што медијаторите ги одржаа со Кушнер и претставникот на Трамп во Советот за мир во Газа, Николај Младенов, во Каиро во неделата. Ова е втор јавно познат состанок на Кушнер со претставници на Хамас, палестинската група која е прогласена за терористичко движење од страна на САД.

Кушнер претходно се сретна со претставници на Хамас, заедно со американскиот претставник Стив Виткоф, во октомври 2025 година, помагајќи во посредувањето за договор што доведе до прекин на огнот во Газа и ослободување на преостанатите заложници земени од Хамас во нападите врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Трамп кон крајот на јули изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и други вооружени групи во Газа. Нетанјаху, кој се кандидира за реизбор во октомври, јавно го отфрли планот на Трамп.

Трамп рече дека договорот ќе се спроведува во фази, при што израелските сили ќе се повлечат од Газа додека продолжува разоружувањето, а меѓународните сили за стабилизација ќе работат со нови палестински полициски сили за да ја обезбедат енклавата.

Хамас соопшти дека се согласил со планот, но дека спроведувањето на договорот ќе зависи од тоа Израел прво да ги исполни своите обврски, вклучително и повлекување на трупите и запирање на нападите, пренесе Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ