среда, јуни 24, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Дигиталното евро е се поблиску: Европа се движи кон поголема монетарна независност

Дигиталното евро е се поблиску: Европа се движи кон поголема монетарна независност

39

Европскиот парламент направи уште еден чекор кон воведување на дигиталното евро, кое се очекува да биде лансирано до 2029 година. Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент одобри дигитално евро кое, откако ќе биде лансирано, треба да ја намали зависноста на Европа од американските платни системи.

Американските платни гиганти „Виза“ и „Мастеркард“ учествуваат со 61 процент од плаќањата со картички во еврозоната и речиси сите прекугранични трансакции со картички. Прашањето за европската финансиска независност е покренато по затегнатите односи меѓу ЕУ и САД и загриженоста за зависноста на блокот од странската платна инфраструктура.

Одлуката не претставува конечно одобрување на проектот, но се смета за значителен напредок во законодавниот процес кој има за цел создавање на дигитална верзија на еврото.

Според усвоениот нацрт, една од главните приоритети останува заштитата на приватноста на граѓаните. Се предвидува трансакциите да не бидат директно поврзани со идентитетот на корисниците од страна на Европска централна банка и националните централни банки.

Исто така, пред дигиталното евро да биде пуштено во употреба, ќе се спроведат тестирања и проверки на кибернетската безбедност за да се гарантира сигурното функционирање на системот.

Проектот предвидува дигиталното евро да се користи паралелно со готовинските пари и да важи во целата Еврозона, нудејќи им на граѓаните дополнителен начин на плаќање покрај банкнотите и кованите пари.

Следниот чекор е гласање на пленарната седница на Европски парламент, пред започнувањето на финалните преговори со земјите-членки на ЕУ.

ИЗДВОЕНИ