четврток, септември 17, 2026
Дома МАГАЗИН Хеликоптер го донел на забавата, вооружени телохранители го чувале – само што...

Хеликоптер го донел на забавата, вооружени телохранители го чувале – само што не бил тој! Бизарен случај со лажен „Џеф Безос“ повлече полициска истрага во Австрија

32
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Приватна австриска компанија организираше забава на која присуствуваше човек што личи на Џеф Безос – при што беа ангажирани полицајци да служат како негови телохранители – што предизвика силни реакции во Австрија, пренесува денес „Дер Шпигел“.

Забавата, организирана од компанијата за производство на алати „Хајдлмаир“ (Haidlmair) од Горна Австрија, привлече големо внимание низ целата земја поради специјалниот гостин што се појави на прославата во Милдорф.

Двојник на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, пристигна со хеликоптер меѓу гостите на една прослава; оваа појава беше поттикната од фактот што компанијата „Хајдлмаир“ (Haidlmair) неодамна склучи договор вреден повеќе милиони долари со американската фирма.

Лажниот Безос беше придружуван од тројца тешко вооружени и маскирани полицајци од специјалната единица на полицијата во Линц, според пишувањата на виенскиот весник „Дер Стандард“ (Der Standard). Сепак, ангажирањето на овие телохранители сега наиде на критики.

Според весникот, во тек е внатрешна истрага за случајот. Не е јасно на кого точно е насочена истрагата, но фокусот е ставен на наводните пропусти во комуникацијата, прашањата околу надлежностите и прашањето кој ја платил полициската заштита за двојникот на третиот најбогат човек во светот во просториите на приватна компанија.

Сопственикот на компанијата, Марио Хајдлмаир, потврди дека стапил во контакт со шефот на полицијата во Линц во врска со полициската придружба за двојникот на Безос.

Двајцата се познаваат долги години, делумно и поради тоа што живееле во истиот град. Според весникот, на тројцата полицајци им било дозволено времето поминато во обезбедување на лажниот Безос да го евидентираат како прекувремена работа, вклучително и додаток за работа во ризични услови.

ИЗДВОЕНИ