недела, јули 5, 2026
Дома СПОРТ Деветте услови што Жозе Мурињо ги постави, a Перез ги прифати

Деветте услови што Жозе Мурињо ги постави, a Перез ги прифати

1579
epa11945006 Fenerbahce's head coach Jose Mourinho looks on ahead of the UEFA Europa League Round of 16, 1st leg soccer match between Fenerbahce SK and Rangers FC, in Istanbul, Turkey, 06 March 2025. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Веќе на сите им е јасно дека Алваро Арбелоа нема да остане на клупата на Реал (М) бидејќи не ги оправда очекувањата откако го замени Чаби Алонсо на почетокот на оваа година.

Флорентино Перез ја започна потрагата по нов тренер пред неколку недели, и иако многу имиња се поврзуваат со Реал, се чини дека Жозе Мурињо е најблиску до преземање на жешката клупа на „кралскиот клуб“.

Мурињо има голема желба да се врати во Реал (М) бидејќи не се прослави многу во првиот мандат, и е свесен дека ова е неочекувана можност што не треба да ја пропушти.

Сепак, шпанските медиуми објавуваат дека Мурињо не сака да дојде во Реал по секоја цена бидејќи решил да постави јасни услови во преговорите со Перез.

Многумина се изненадени што Мурињо покажал таква храброст и јасно му кажал на Перез што мора да се случи за да потпише договор со „кралевите“ и да ја преземе тренерската позиција од Арбелоа.

„Специјалниот“ постави девет услови за Перез, што го изненади претседателот на Реал (М), но се чини дека тој ќе продолжи со преговорите со Мурињо бидејќи другите тренери за кои покажа интерес првично го отфрлија.

Шпанските медиуми успеаја да откријат какви услови поставил Мурињо, а тоа се:

– Целосна контрола врз стартната постава, управувањето со тимот и соблекувалната.

– Никаква интервенција од никого без оглед на хиерархијата во клубот.

– Двегодишен договор

– Тренерски персонал што ќе го донесе со себе во Реал Мадрид.

– Одредени промени во сегашниот играчки персонал.

– Седумте играчи што веќе ги прецртал треба да го напуштат клубот што е можно поскоро.

– Целосна контрола врз фитнес тимот за да се спречат чести повреди.

– Сака да комуницира само со Флорентино Перез, а не и со неговите соработници.

– Целосна контрола врз плановите за летните подготовки.

Според последните информации кои ги пласираа медиумите кои важат за блиски до Реал (М), Перез веќе се согласи на сето тоа и прашање е само на време кога и официјално ќе биде потврдено дека „специјалиот“ се враќа на „Сантијаго Бернабеу“.

ИЗДВОЕНИ