петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Девет убиени во маскар во Мексико

Девет убиени во маскар во Мексико

61

Девет лица загинаа, а пет се повредени во пукање на штанд за храна на северот на Мексико, јавија утринава локалните медиуми, пренесува Anadolu. Престрелката се случила во градот Апасео дел Гранде во државата Гуанахуато.

Според очевидци, напаѓачите прво пукале во вработените, а потоа по случаен избор кон муштериите во близина.

На подрачјето каде што се случи нападот се распоредени голем број полицајци, а започната е и масовна акција за апсење на напаѓачите кои избегаа.

Локалните медиуми објавија дека болничар е еден од убиените во престрелката.

Службите за итни случаи соопштија дека нивниот медицински техничар починал, но не потврдија дали тој е еден од убиените во нападот. Градовите Апасео ел Гранде и Апасео ел Алто беа погодени од масовни престрелки во последниве години поврзани со завојуваните нарко картели.

Картелот Халиско и локалната банда Санта Роса де Лима со години се борат за територија, а Гуанахуато, индустриски и земјоделски центар, со години има најголем број убиства во 32 држави во Мексико.

ИЗДВОЕНИ