Момче (12) било хоспитализирано во тешка состојба во болница во Волос откако консумирало голема количина алкохол, а неговите родители потоа биле уапсени, објави денес „Прототема“.
Детето било пренесено во болница од областа Аргаласти на полуостровот Пелион, во југоисточниот дел на Тесалија.
Според неофицијални информации, момчето наводно испило најмалку седум вотки и два енергетски пијалоци.












