вторник, ноември 17, 2026
Дома БАЛКАН ДЕСЕТ ДЕЦА ПОВРЕДЕНИ НА ЕСКАЛАТОР ВО БЕЛГРАД: Три од нив итно оперирани,...

ДЕСЕТ ДЕЦА ПОВРЕДЕНИ НА ЕСКАЛАТОР ВО БЕЛГРАД: Три од нив итно оперирани, неколку се со тешки повреди

0
Foto: Printscreen/Video/Tanjug

Десет деца, на возраст од осум години, беа примени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УККС), кои беа повредени во денешниот инцидент на ескалаторот во белградскиот трговски центар „Галерија“.

Сите деца во моментов се на дијагностика, а три од примените деца бараат хируршка интервенција, соопшти УККС.

Како што претходно му беше соопштено на Танјуг од Ургентниот центар, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата, додека мнозинството се здобиле со полесни телесни повреди.

Јавниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград бил информиран за инцидентот во трговскиот центар „Галерија“ и излегол на местото на настанот за да спроведе истрага, а по утврдувањето на сите околности, ќе најави понатамошни дејствија, изјавија од Обвинителството за Танјуг.

ИЗДВОЕНИ