Четири лица се убиени, а најмалку 20 се повредени во пукотница во средното училиште „Ајсер Чалик“ во Кахраманмараш, јужна Турција, во среда, соопштија официјални лица.
Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, рече дека меѓу загинатите се еден наставник и напаѓачот, додека меѓу повредените се повеќе ученици. Тој рече дека напаѓачот бил ученик од осмо одделение кој влегол во две училници за време на нападот, објави „Туркие тудеј“. Напаѓачот подоцна извршил самоубиство.
Сведоци цитирани од медиумите рекоа дека пукањето што се слушнало во училиштето било доста интензивно. Родителите кои слушнале за инцидентот се упатиле кон училиштето. Полицијата го зголемила обезбедувањето околу зградата.
Според медиумите во Турција осомничениот го користел огненото оружје на својот татко во нападот. АП објави дека имало пет пиштоли и седум шаржери, а дека таткото е пензиониран полицаец.
🚨Okulda Silah Sesleri Duyuldu
Kahramanmaraş’ın Onikişubat ilçesinde Ayşel Çalık Ortaokulu’nda silah sesleri duyuldu.
İhbar üzerine sağlık ve polis ekipleri sevk edildi. pic.twitter.com/uh2nbAYUJ2
— Emrullah Erdinc (@emrullaherdinc) April 15, 2026
Турскиот министер за правда Акин Гурлек изјави дека Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Кахраманмараш веднаш започнала истрага. Тој рече дека за случајот се назначени тројца заменик-главни јавни обвинители и четири државни обвинители.
Министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи отпатува во Кахраманмараш по нападот. Според достапните информации, во истрагата се вклучени и четири главни цивилни инспектори и четири главни полициски инспектори.
Ова е второ пукање во училиште во Турција. Вчера, тинејџер отвори оган во училиште во југоисточната турска покраина Шанлиурфа, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, пред да се самоубие.
Пукањата во училиштата се ретки во Турција. Во мај 2024 година, поранешен ученик го застрела и уби директорот на приватно средно училиште во Истанбул пет месеци откако беше исклучен.
Што сѐ се знае за злосторството во Турција во кое поранешен ученик застрела 16 лица












