Десетгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците „Христо Татарчев“ и „Франк Харкорт Манинг“, каде што 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, удрила во детето.
Десетгодишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 28 септември во 10:30 часот.












