вторник, ноември 17, 2026
Дома СВЕТ Аракчи: Израел стои зад приказната за „валкана бомба“

Аракчи: Израел стои зад приказната за „валкана бомба“

0
EPA/MARTIAL TREZZINI

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Израел стои зад медиумските извештаи за наводните планови на Иран да употреби „валкана бомба“ против САД, отфрлајќи ги тврдењата како „глупости“.

-Во изминатите 72 часа, произраелските медиуми објавија дека Иран наводно планира да употреби хемиско оружје во Вашингтон, а во исто време да гради ракетни бази под браните. Глупости, напиша Аракчи на социјалните мрежи, пренесува Ал Џезира.

Тој оцени дека станува збор за пропаганда слична на онаа што ѝ претходеше на војната во Ирак, за која рече дека има „јасни израелски траги“.

-Никој не верува во тоа, додаде иранскиот министер за надворешни работи.

Си-Ен-Ен претходно објави, повикувајќи се на добро информирани извори, дека, според американските разузнавачки служби, Техеран развива планови за потенцијално детонирање на таканаречена „валкана“ бомба во Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им изјави на новинарите во Манила дека Иран ќе плати цена каква што ниедна друга земја досега не платила доколку изврши таков напад.

ИЗДВОЕНИ