Екипата на Денвер се подготвува за промени во составот откако станува сè појасно дека со актуелниот ростер тешко ќе може да се бори за шампионската титула. Раководството веќе разгледува неколку опции, а меѓу најсериозните кандидати за засилување е Кевин Портер Јуниор.

Според новинарот Џејк Фишер, кошаркарот веќе имал средба со претставниците на Денвер, а паралелно преговара и со Орландо. Портер може да покрива повеќе позиции, а неговите шутерски способности се особено привлечни за Нагетс, кој е меѓу послабите тимови во НБА според процентот за три поени.

Покрај него, Денвер се обидува да го пронајде и следниот клуб на Зик Наџи, од чиј договор франшизата сака да се ослободи. Сепак, засега нема заинтересиран тим подготвен да го преземе неговиот договор.

Фишер открива и дека Денвер се распрашувал за Дерик Џонс Јуниор од Лос Анџелес клиперс. Така, по тешкиот пораз од Далас, јасно е дека Нагетс активно бара решенија за да го засили тимот околу Никола Јокиќ и Џамал Мареј.

ИЗДВОЕНИ