Пожар избувнал утрово во одделението за ортопедија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, на вториот кат од објектот, по што започнала евакуација на пациентите.
По добиената пријава преку системот Е-112, веднаш била известена скопската Противпожарна бригада, од каде потврдиле дека огнот избувнал во внатрешна просторија на одделението.
Пожарот во меѓувреме е локализиран и, според надлежните служби, нема опасност од негово понатамошно ширење.
Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.












