EPA/WU HONG

Поранешниот аргентински тенисер, Хуан Мартин дел Потро, многу добро знае како повредите можат да ја променат кариерата на врвен тенисер, поради што им испрати јасна порака на Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкарас.

Аргентинецот ги помина последните неколку дена на Отвореното тениско првенство на САД, а во интервју за „Марка“ се осврна на проблемите со повредите на двајца најдобри играчи од новата генерација.

„Тенисот е најнапорниот спорт што постои, особено затоа што практично секоја недела играте турнир. Тоа јасно го гледаме сега со Карлитос, кој направи пауза, како и со Синер“, рече Дел Потро.

Поранешниот победник на Отвореното првенство на САД верува дека Алкарас и Синер имаат една голема предност што неговата генерација ја немаше.

„Тие двајца се толку добри што можат да поминат пет или шест месеци без да загубат многу поени на АТП листата.“
Особено му се допадна неодамнешната најава на Алкарас дека во иднина ќе ги избира турнирите повнимателно и ќе прави подолги паузи во текот на сезоната.

„Слушнав пред некој ден дека Алкарас рече дека ќе игра на турнирите на кои сака да игра. Мислам дека тоа е паметна одлука и другите играчи треба да го следат неговиот пример.“

За време на сопствената кариера, Дел Потро поминал низ огромен број сериозни повреди и операции, поради што никогаш не успеал да го постигне континуитетот на својот голем талент.

„Големата разлика е во тоа што во мое време, ако се повредев и пропуштев еден или два турнири, ќе паднев од четврто на осмото или десеттото место во светот.“

Затоа има едноставен совет за Синер и Алкараз.

„Сега кога Синер и Алкараз се толку доминантни во споредба со остатокот од турнејата, многу е важно да ги слушаат своите тела“, заклучи Дел Потро.

ИЗДВОЕНИ