вторник, јули 7, 2026
Дома КУЛТУРА Дел од оригиналното скалиште на Ајфеловата кула е продаденo за повеќе од...

Дел од оригиналното скалиште на Ајфеловата кула е продаденo за повеќе од 450 илјади евра

48

Спирален сегмент од оригиналното скалиште на Ајфеловата кула продаден за повеќе од 450 илјади евра на аукција во Париз во четврток.

Купувачот, кој бил присутен во аукциската сала, станал сопственик на дел од скалите со 14 скали, високи 2,7 метри и тешки 1,4 тони од 1889 година, кога бил завршен споменикот што се извишува над центарот на Париз.

„Кога купувате дел од Ајфеловата кула, купувате дел од Париз, заедно со целата имагинација и симболика што ја претставува“, изјави Сабрина Дола, директорка за дизајн во стилот Арт Деко во париската аукциска куќа „Арткуриал“, каде што се одржа продажбата.

Пред повеќе од четири децении, вкупно 160 метри од скалите беа исечени на помали делови и продадени, заменети со лифтови што сега ги транспортираат посетителите до највисоката платформа за набљудување на Ајфеловата кула.

Делот продаден во четврток достигна цена од 450.160 евра, три пати поголема од горната проценка од 120.000 до 150.000 евра.

Во 2008 година, еден дел беше продаден на приватен американски купувач за рекордни 550.000 евра, пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ