Легендарниот Чарлс Баркли (63), член на Кошаркарската куќа на славните, зборуваше за своите методи на родителство и не го интересира што мислат другите. Тој ги искажа своите ставови за време на едно гостување, а дискусијата доби неочекуван пресврт откако Баркли изрази фрустрација од состојбата на денешните спортисти, за кои верува дека станале невозможни за тренирање.
- Денес не можете ни да им викате, се пожали Баркли, по што разговорот се сврте кон темата за родителство.
- Луѓето велат дека не можете да им викате на вашите деца. Секако дека можете. И ќе ги плеснете по газот. Затоа овие деца се луди денес, рече поранешниот играч на Филаделфија, Феникс и Хјустон.
Баркли, кој нагласи дека „верува во дисциплина“, објасни дека таквото родителство мора да има граници.
- Не одам наоколу и им кажувам на луѓето да ги удираат своите деца, но верувам дека ако не ги удирате и дисциплинирате, тие ќе се претворат во кретени што ги гледаме денес, рече Баркли, кој беше МВП на НБА во 1993 година.
- Не сум за злоупотреба на деца, но како едно дете ќе знае дека прави нешто погрешно? Пред се, до децата не можете да разговарате рационално, тие се поглупави од камен. Тие не сфаќаат дека прават нешто погрешно, но кога ќе бидат удрени, тоа им испраќа порака бидејќи не сакаат повторно да се чувствуваат така, додаде Баркли.
Конечно, тој испрати порака до оние кои не се согласуваат со неговите ставови.
- Можете да ме распнете на социјалните мрежи. Знаете дека не ги користам. Никогаш не ги читам коментарите. Не ме интересира што мислите. Сите можете да ми го бакнете големиот црн задник. Ќе кажам што мислам. На некои луѓе ќе им се допадне, на некои нема. Но, ќе го преболите тоа, порача Баркли.
Тој постигна повеќе од 20.000 поени, имаше 10.000 скока и 4.000 асистенции во својата кариера, што го става меѓу ретките играчи кои постигнале такво достигнување. Беше МВП на НБА и освојувач на два златни олимписки медали со репрезентацијата на САД. Во 2006 година, Баркли беше примен во Кошаркарската сала на славните. По завршувањето на неговата играчка кариера, тој стана спортски коментатор познат по својата духовитост, чесност и социјални коментари надвор од спортот. Денес, тој се смета за една од најпрепознатливите и највлијателни личности во историјата на НБА.











