четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ НАТО собори балистичка ракета во Медитеранот која влегла во турскиот воздушен простор

НАТО собори балистичка ракета во Медитеранот која влегла во турскиот воздушен простор

51
EPA/ABIR SULTAN -- BEST QUALITY AVAILABLE

Балистичка ракета, за која беше утврдено дека е лансирана од Иран и влегла во турскиот воздушен простор, беше неутрализирана од воздушните и противракетните сили на НАТО распоредени во Источниот Медитеран, објави турското Министерство за одбрана.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сите потребни мерки се преземаат решително и без одлагање против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на Турција. Тие исто така додаваат дека развојот на ситуацијата во регионот е внимателно следен, со приоритет на националната безбедност.

„Балистичката муниција, за која беше утврдено дека е лансирана од Иран и влегла во турскиот воздушен простор, беше неутрализирана од средствата за воздушна и ракетна одбрана на НАТО распоредени во Источниот Медитеран.

Сите потребни мерки се преземаат решително и без двоумење против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја, а сите настани во регионот се внимателно следени, со приоритет на нашата национална безбедност“, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ