четврток, август 13, 2026
Дома МАГАЗИН Дали Македонија ќе учествува? Бургас, црноморскиот рај на Земјата, ќе биде домаќин...

Дали Македонија ќе учествува? Бургас, црноморскиот рај на Земјата, ќе биде домаќин на “Песна на Евровизија 2027“

27

Градот Бургас кој се наоѓа на бугарскиот дел од Црно Море ќе биде домаќин на 71-то издание на „Песна на Евровизија 2027“. По завршниот круг од постапката за избор, овој убав град ја доби трката со Софија и Варна да ги пречека учесниците на најголемиот музичко-телевизиски настан во 2027 година. – Бургас ќе донесе нешто навистина посебно на Изборот  за Песна на Евровизија. Тоа е жив и гостопримлив град на Црното Море, со силен музички и културен идентитет, како и со амбицијата, инфраструктурата и страста потребни за да го пречека распеаното евровизиско семејство, воодушевено изјави директорот на Евровизија, Мартин Грин.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 11 и 13 мај, а големото Финале на 15 мај и пред тв-камерите. Како што стојата сега за сега работите, 90 посто се точни информациите дека Македонија исто така ќе учествува. По пауза од три години. Нашиот домашен избор би требало да се одржи кон крајот на јануари 2027 година во Скопје или евентуално на повторно обновениот Скопски фестивал, и тоа оваа есен, некаде кон крајот на ноември.

Одлуката за Бургас беше соопштена од Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ), откако меѓународната оценувачка комисија ја заврши анализата на двете финални кандидатури. При изборот беа земени предвид техничките можности на салите, транспортната инфраструктура, сместувачките капацитети, стопостотна безбедноста, како и способноста на градот да пречека десетици илјади гости, делегации и новинари од целиот свет.Со овој избор започнува подготовката за најмасовниот музичко-телевизиски настан, кој првпат ќе се одржи во Бугарија по впечатливата победа на Дара со песната „Бангаранга“ во мај годинава. Tаа тогаш беше спектакуларно дочекана на софискиот аеродором од Министерот за култура Ефтим Милошев, како и од градоначалникот на Софија, Васил Терзиев.

Освен соодветна сала за одржување на настанот, Европската радиодифузна унија има детален список со услови за градот-домаќин. Меѓу најважните се: Евроклуб – официјалниот клуб на конкурсот, каде што се одржуваат забави, концерти, средби на делегациите и настани за акредитирани гости. Евросело – голема зона на отворено со концерти, јавни преноси на полуфиналите и финалето, како и културна програма. Еврокафе – простор за средби на љубителите и различни тематски настани. Меѓу задолжителните елементи е и церемонијата на Црвениот ќилим – официјалното отворање на кое сите учесници, делегации и водители минуваат пред љубителите на музиката и пред новинарите.

„Евровизија 2027“ ќе има и некои нови важни правила. Онаа земја која е во војна, како што е Израел ќе нема право да учествува. А, уште помалку да биде земја-домаќин, доколку победи. Тоа веројатно догодина ќе се однесува и на Украина, која веќе со години војува со Русија. Идното фестивалско издание ќе треба да се усогласи и со големите спортски настани: полуфиналните натпревари во Лигата на шампиони на 27/28 април и 4/5 мај, како и полуфиналните натпревари во Лига на Европа на 29 април и 6 мај.
Организаторите во Бугарија се раководат и со финансиите. Според планот на бугарската влада, демонтажата на гламурозната сцена со се опремата во салата е предвидена за периодот од 18 до 24 мај 2027 година.

 

ИЗДВОЕНИ