Тренерот на НБА-тимот Торонто, Дарко Рајаковиќ, ги воодушеви сите Срби со својата изјава. која одекна во целиот свет.
Торонто репторс обезбеди место во плејофот на НБА по убедливата победа над Бруклин, но овој триумф има многу поголемо значење од самиот резултат. Рајаковиќ стана првиот европски тренер во историјата на НБА што водел тим до плејофот како постојан главен тренер. Со овој успех, српскиот стручњак влезе во историјата и потврди дека европските тренери може да играат клучна улога на најголемата светска кошаркарска сцена.
Торонто стигна до плејофот на доминантен начин, победувајќи го Нетс со 136:101, со што го обезбеди петтото место на Истокот. Во првото коло од плејофот, ќе се соочи со Кливленд.
Она што дополнително му додава тежина на овој успех е фактот што Репторс беше во процес на реконструкција само пред неколку сезони. Во 2023 година, кога пристигна во клубот, Рајаковиќ беше прогласен за човек што ќе донесе нова енергија и свежи идеи по заминувањето на претходниот тренер.
Тогашниот претседател на клубот, Масаи Ујири, веруваше дека српскиот стручњак може да започне нова ера во Торонто. Три години подоцна, беше постигната првата голема цел.
За разлика од финскиот тренер Туомас Исало, кој го водеше Мемфис до плејофот минатата сезона, како привремено решение, Рајаковиќ го стори тоа како главен тренер во текот на целата сезона. Тоа го прави неговиот успех уште позначаен. Сепак, на свој начин, тој остана скромен.
- Нè нема многу, тоа не е големо достигнување – рече тој со насмевка, алудирајќи на малиот број европски тренери во НБА.
Кратко потоа, тој стана емотивен кога зборуваше за своето потекло. Тој истакна дека без успехот на кошарката во поранешна Југославија, особено во Србија, никогаш немало да има можност да води НБА-тим.
- Роден сум таму, да не беше Србија, немаше да постојам – посочи Рајаковиќ.
Во текот на својата кариера, тој често го нагласуваше влијанието на големите имиња во тренерската кариера, како оние на Жељко Обрадовиќ, Светислав Пешиќ и Игор Кокошков.
Сепак, едно е сигурно, ова е голем чекор не само за него туку и за европските тренери во НБА и се чини дека Торонто доби лидер што штотуку почнува да ја пишува својата приказна.











