сабота, јуни 6, 2026
Дома БАЛКАН Пожар проголта висококатница во Тирана: Повредени најмалку 11 лица/ВИДЕО

Пожар проголта висококатница во Тирана: Повредени најмалку 11 лица/ВИДЕО

216
screenshot Top chanel

Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што го зафати станбено-деловниот комплекс Арлис во Тирана, додека противпожарните екипи успеаја да го локализираат пожарот и да спречат негово ширење кон околните згради, соопштија денес локалните власти.

Директорот на Албанската служба за вонредни ситуации, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и дека е спречено неговото понатамошно ширење кон блиските станбени кули.

Тој рече, според порталот „Тирана њуз“, дека пожарот го зафатил североисточниот дел од зградата од приземјето до горниот кат и дека е предизвикана значителна материјална штета.

ИЗДВОЕНИ