вторник, септември 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЦУК: Пожарот над селото Бојане, на Сува Гора, е делумно ставен под...

ЦУК: Пожарот над селото Бојане, на Сува Гора, е делумно ставен под контрола

37
Фото:ЦУК, ФБ

Пожарот над селото Бојане, на Сува Гора, кој избувна во текот на денешниот ден и се ширеше од правец на Јегуновце, е делумно ставен под контрола благодарение на максималниот ангажман на пожарникарите од Скопје и екипата од Тетово, информираат од ЦУК.

Директорот на Центарот за управување со кризи е на терен, каде непосредно ја следи состојбата и ги координира активностите со сите ангажирани екипи и надлежни институции.

Во моментов пожарот не претставува опасност за населените места. На терен продолжуваат активностите за негово целосно локализирање и гаснење, а за утре е планирана и воздушна интервенција.

Центарот за управување со кризи останува во постојана координација со сите надлежни служби за навремено обезбедување на потребните капацитети и успешно справување со пожарот.

ИЗДВОЕНИ