понеделник, јули 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЦУК: Од вкупно 14 пожари регистрирани на отворено во државата, два се...

ЦУК: Од вкупно 14 пожари регистрирани на отворено во државата, два се сѐ уште активни

13

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска до 20 часот низ државата се регистрирани 14 пожари на отворено, од кои два во Кичево и Битола, сѐ уште се активни.

Пожарот во Општина Кичево  е во близина на Стадионот во Кичево каде што горат стрниште и сува трева. Во Битола гори кај Тунелот во обиколницата.

Останатите пожари кои гореа во општина Демир Капија, во општина Ѓорче Петров  во општина Новаци, во Прилеп, во Дебар, Свети Николе, Пробиштип и Куманово, за среќа, се изгаснати.

Два пожари биле регистрирани и на подрачјето на општина Центар — еден на булеварот „Македонија“, а друг на улицата „Тодор Александров“.

ИЗДВОЕНИ