понеделник, јуни 15, 2026
Дома СКОПСКА Центар го одбележува роденденот на Горан Стефановски

Центар го одбележува роденденот на Горан Стефановски

120

Oпштина Центар со свечен настан кај спомен-клупата на Горан Стефановски, утре во 17:00 часот, ќе го одбележи роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори и културни дејци.

Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе ги потсети присутните на родендените што ги славеле заедно, како и на неговите живот, хумор, идеи и оставина. Во рамките на настанот, хорот „Мирче Ацев“ ќе изведе неколку од омилените песни на Горан Стефановски, а настап ќе има и младата џез-формација „Трицикл“.
Програмата ќе биде збогатена со монолози од неговите дела, интерпретирани од актери, како и со ликовна изложба со портрети од Горан, насликани од уметникот Ненад Рафајловски. Музичката атмосфера ќе ја заокружи диџеј Шурбе со свој диџеј-сет.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги поканува центарци и сите почитувачи на книжевноста и делото на Горан Стефановски да се придружат во одбележувањето на неговото творештво, на неговиот дух и на неговото присуство во културниот живот, преку, како што кажа, уметноста, музиката, сеќавањата и пријателските разговори.

Општина Центар, години наназад, реализира настани и уредува уметнички катчиња посветени на животот и делото на славниот дебармаалец.

 

ИЗДВОЕНИ