Цената на барел сурова нафта од типот Брент надмина 110 долари, според најновите пазарни податоци.
По нападот врз иранскиот гасен објект и одмаздничките напади на Иран врз нафтените полиња во Персискиот Залив, цените почнаа нагло да растат, пренесе „Еј-би-си њуз“.
Од 21:12 часот по централно европско време, цената на мајските фјучерси се зголеми за 7,14 проценти во споредба со претходното затворање, достигнувајќи 110,56 долари за барел.












