понеделник, јуни 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цените на нафтата нагло пораснаа, доларот стагнира

Цените на нафтата нагло пораснаа, доларот стагнира

47

Цените на нафтата повторно се над 100 долари за барел по обновените напади на Блискиот Исток. Цените на суровата нафта Брент скокнаа за 4,8 проценти на 97,60 долари за барел, додека американската сурова нафта порасна за 4,22 проценти на 94,40 долари, откако Иран испука ракети кон Израел во неделата како одмазда за израелските напади врз јужните предградија на Бејрут, објавува Гардијан.

Израел започна воздушни напади врз централен и западен Иран рано утрово, откако Иран испука 10 ракети кон северен Израел во неделата како одговор на израелските напади врз јужните предградија на Бејрут. Иранската државна телевизија објави дека се слушнале експлозии во Исфахан, Карај, Тебриз и Техеран, но нема дополнителни информации за жртви или штети.

Сведоци во Техеран потврдија дека се слушнала барем една силна експлозија западно од централните области на иранскиот главен град.

На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнираше, по минатонеделното зголемување од 1,3 проценти.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, утрово се движи околу 100,5 поени, речиси исто како и во петокот навечер.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од 160,29 на 160,35 јени.

ИЗДВОЕНИ