четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Чудотворната икона на Пресвета Богородица –Троеручица од Света Гора пристигнува во Штип

Чудотворната икона на Пресвета Богородица –Троеручица од Света Гора пристигнува во Штип

1

Чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица, од Света Гора, в сабота, пристигнува во Штип. Со векови почитуваната Владичица, Пресвета Богородица, првпат ќе биде донесена во градот од монасите од манастирот Хиландар. Се очекува масовно присуство на верници кои ќе ја пречекаат иконата и ќе бидат дел од свечената литија низ штипските улици.

По литијата, иконата ќе биде сместена во црквата „Свети Димитриј“, во штипско Ново Село, каде што ќе остане на поклонение и молитва. Верниците ќе имаат можност да се помолат за здравје, мир и духовен спокој.

–Голема радост ќе се случи в сабота, во нашиот град Штип, бидејќи во попладневните часови, во 16:30 часот, ќе пристигне иконата чудотворна Богородица Троеручица од хиландарскиот манастир. Оваа икона ќе ја донесат монасите од хиландарскиот манастир, ќе ја пречекаме овде, пред храмот „Свети Никола“. Оттука ќе се формира литија и заедно со иконата и верниот народ, кој го повикуваме масовно да присуствува, ќе ја однесеме до храмот „Свети Димитриј“ во Ново село, каде што ќе остане на поклонение и радост на сите наши браќа и сестри на сите христијани кои со вера ќе доаѓаат и ѝ ќе се молат на мајката божја. Таа икона на пресвета Богородица Троеручица ќе остане постојано овде во Штип, како што е копијата од иконата на светиот Нектариј Егински во црквата „Иларион“ во населбата Железничка – истакна протојерејот Добрица Јанев.

Тој се осврна и на потеклото и на значењето на иконата Троеручица, објаснувајќи ги нејзината длабока духовна симболика и нејзиното предание. Според него, оваа икона со векови сведочи за чудото што му се случило на светиот Јован Даманскин.

– Иконата Богородица Троеручица, кога ќе ја видите, има уште една рака изобразена. Имено, кога свети Јован Даманскин пишувал пофални песни и за Богородица, незнабожците му ја отсекле раката и тој ја зел и ја ставил на иконата, велејќи, мајко, ете јас веќе не можам да пишувам. Паднал во длабок сон, а кога се разбудил, видел дека раката му е исцелена, а, пак, на иконата се појавила третата рака – додаде Јанев.

Верниците се повикуваат масовно да присуствуваат на свечениот пречек и на литијата во Штип. Од црквата упатуваат повик сите што имаат можност да дојдат, да се поклонат пред иконата и да земат учество во молитвата.

 

ИЗДВОЕНИ