Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена беа спасени од урнатините на зграда во Ла Гваира, 32 часа по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела.
Спасувачите ги извлекоа од затрупаната зграда и ги пренесоа во болница во Каракас, каде што и двајцата се лекуваат, објави „Скај њуз“.
Според медицинските информации, мајката и бебето се во стабилна состојба.
Дијана Патињо раскажа за „Би-би-си“ дека нејзиниот син Хуан Давид ѝ дал „мотивација да остане будна и смирена“ и така практично и помогнал да преживее.
„Додека беше жив, имав намера и јас да останам жива. Од време на време го допирав неговиот нос за да се осигурам дека сè уште дише“, рече таа.
Снимките од нивното спасување станаа вирални, а Хуан Давид стана симбол на надеж во Венецуела, која е опустошена од два разорни земјотреси што ја погодија земјата во среда, при што загинаа најмалку 1.450 луѓе.
WATCH:
A newborn baby was rescued alive after being trapped for more than 24 hours beneath the rubble following the devastating earthquakes in Venezuela.
Pray for all the victims 🙏 pic.twitter.com/Yzo3xQi9cG
— Anna Lulis (@annamlulis) June 27, 2026
Во клиника во Каракас, главниот град на Венецуела, Дијана во неделата за „Би-Би-Си“ раскажа за ужасните часови што ги поминала закопана под урнатините, држејќи го својот мал син во раце и молејќи се да биде спасен.
Таа миела садови во својот стан на осмиот кат во северниот крајбрежен регион Ла Гваира кога се случиле земјотресите. Веднаш побрзала да го прегрне својот син, мислејќи дека е „само мал потрес“.
„Се чувствував како да летам. После тоа, се чувствував како да тонам во водата и земјата, а потоа паднав во дупка каде што бев заглавена. Не знам како не го испуштив бебето, бидејќи летав. Бев прикована за мебелот“, рекла таа.
Рече дека веднаш почнала да вреска, но набрзо сфатила дека никој не може да ја чуе.
„Си реков дека нема да ја трошам силата – ќе врескам само кога е потребно, кога ќе слушнам гласови или чекори во близина“, рекла таа.
„Не знам како успеав да останам толку смирена бидејќи левата нога ми беше заглавена под бетонот. Не можев да се помрднам. Слепоочницата ми беше притисната на каменот“.
Дијана рекла дека пронашла надеж кога ја почувствувала Библијата под себе.
„Тогаш започнало моето патување кон преживување“, рекла таа.
Во темнината под урнатините, таа видела „мало светлосно место кое личело на месечина“.
Таа вели дека спасението дошло кога го слушнала својот брат како ја вика по име.
„Си реков: Ова е мојата единствена шанса. Викнав на цел глас… Викнав: „Тука сум!“ со сета сила, а тој одговори: „Те најдов и ветувам дека нема да си одам додека не те извлечам.“
Тој го одржа своето ветување, а потоа следеше прецизна спасувачка операција, извлекувајќи ги и мајката и бебето од урнатините во четврток вечерта.
Дијана претрпе повреди на двете нозе во земјотресот, додека Хуан, за среќа, избега само со полесни повреди.
Сопругот на Дијана, Герсон, штотуку се вратил дома и го паркирал својот автомобил кога земјотресите го погодиле подрачјето. Успеал да скокне преку ограда и да избега.
Кога видел што се случило со нивната станбена зграда, помислил на најлошото.
Моментот кога неговата сопруга и бебето биле спасени бил, вели тој, „вистинско чудо“.
Во видеото од спасувањето кое стана вирално, Герсон, преплавен од емоции, ги затвора очите, ја крева главата назад кон небото и го прегрнува својот син.
„Неописливо е. Мислев дека се мртви. И кога го видов мојот син, се чувствував како повторно да сум роден. Не можев да поверувам… Почувствував како мојот живот се враќа кај мене“, изјави тој за Би-Би-Си, сеќавајќи се на моментот.
Герсон и Дајана останаа без својот дом, кој беше целосно уништен, како и без речиси сите нивни работи, но велат дека сега ќе „почнат од нула“.
„Изгубивме речиси сè, но еве нè… Ќе го обновиме сè што изградивме.“
Експертите предупредуваат дека по 72 часа од земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.
Десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати во една од најбруталните природни катастрофи во историјата на Венецуела. Потрагата по исчезнатите продолжува, но надежите за пронаоѓање повеќе преживеани бледнеат.
Татко и син беа спасени од урнатините на срушена зграда во венецуелската држава Ла Гваира, четири дена откако разорните земјотреси ја погодија земјата.
Двајцата мажи, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, беа изнесени на импровизирани носилки, објави „Ројтерс“.
Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите што се случија во среда, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати.
Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Харакуја во северна Венецуела, додека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала претходно е регистриран во Карипското Море, околу 70 километри западно од Карака












