четврток, септември 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина...

Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид

13

Екипи на јавните претпријатија во Охрид, со расположлива механизација, почнаа со активности за расчистување на речните корита, дивите депонии, одроните и други критичните точки на територијата на општината.

Ќе се интервенира на локациите што се сметаат за ризични и што се проблематични при поинтензивни врнежи и висок водостој на реките од езерското сливно подрачје.

Според градоначалникот, Кирил Пецаков, активностите се важни за превенција од поплави и подобрување на протокот на водата во речните корита.

– Продолжуваме посветено да работиме за поубав Охрид – објави Пецаков на „Фејсбук“.

 

ИЗДВОЕНИ