четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Четиридневна програма по повод Вознесение Христово – Спасовден, празникот на Гевгелија

Четиридневна програма по повод Вознесение Христово – Спасовден, празникот на Гевгелија

100

Општина Гевгелија, во соработка со Домот на културата „Македонија“ – Гевгелија, подготви четиридневна програма „Спасовден 2026“, исполнета со духовни, културни и музички содржини, со која ќе го одбележи Вознесение Христово – Спасовден, празникот на градот Гевгелија.

Покрај традиционалните манифестации, од 17 до 20 мај 2026 година, на неколку локации во градот, ќе се случуваат и многу други интересни настани.

Одбележувањето на Спасовден ќе започне в недела, со концерт на духовна музика во манастирот „Свети Спас“, со почеток во 18:00 часот. Пред публиката ќе настапат женскиот византиски хор „Свети Теофил Струмички“, под диригентската палка на Зоран Мазнејков, Градскиот мешан хор „Гортинија“ со диригентот Илија Атанасов, како и Сара Мејс со вокална и инструментална изведба на келтска харфа.

На 18 мај (понеделник) со почеток во 19:00 часот, во уметничката галерија „Амам“ ќе биде отворена самостојната изложба „Љубов“ на уметникот Александар Мијак. Програмата ќе продолжи на 19 мај (вторник) со дефиле на културно-уметнички друштва низ градот, кое ќе започне во 18:00 часот, по што на платото на Народниот театар ќе се одржи вечер на староградски песни „Распеана чаршија“, со почеток во 19:00 часот.

На самиот празник, 20 мај (среда), во просториите на ТППЕ- Гевгелија, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи настанот „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници“, во рамките на одбележувањето на Денот на пожарникарите.

Вечерната програма на Градскиот плоштад ќе започне во 19:00 часот, со перформанс на танцовото студио „Мистик“, а ќе продолжи со концерт на музичката група „Панта реи“, со почеток во 20:00 часот.

Општина Гевгелија и Домот на култура „Македонија“ во Гевгелија ги покануваат граѓаните и посетителите заеднички да го празнуваат Спасовден преку музиката, уметноста, традицијата и духовноста.

 

ИЗДВОЕНИ