Спасувачите во Лаос сè уште работеа денес на безбедно извлекување на селаните кои беа пронајдени живи во поплавена пештера, каде што беа заробени 10 дена, а обидите за евакуација продолжија еден ден откако првиот од петте преживеани беше евакуиран, соопштија денес официјални лица.
Според официјални лица, спасувачите се надеваат дека ќе ги извлечат преостанатите четири мажи подоцна денес, откако во петокот објавија дека сè уште не се подготвени да бидат извлечени, а во меѓувреме работат на испумпување на вода од пештерата и продолжување на потрагата по две лица кои сè уште се водат како исчезнати, објавува AP.
„Едно лице е безбедно извлечено и нема да застанеме додека не ги донесеме преостанатите четири дома“, напиша тајландскиот нуркач кој учествува во операцијата, Норасед Паласинг, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, пренесе „Танјуг“.












