Водачот на Чеченската република Рамзан Кадиров изјави дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин разрешување од должноста, во очина оради шпекулациите дека неговата лоша здравствена состојба наскоро би можела да го принуди да се повлече.
Кадиров (48) дојде на чело на Чеченија во 2007 година откако на таа позиција го постави рускиот претседател Владимир Путин. Како што пишува „Новаја Газета на Европа“, Кадиров се подготвува да му ја предаде власта на 17-годишниот син Адам. „Ги слушнав тие гласови. Пишуваат секакви работи“, рече Кадиров како одговор на написите, пренесува владиниот портал „Чеченија денес“.
„Напротив, ја лично побарав да бидам разрешен од должноста. Оној кој ќе дојде ќе има свои иницијативи, своја визија. Се надевам дека моето барање ќе биде прифатено“, додаде тој.
Ова не е прв пат Кадиров да зборува за повлекување. Уште во 2017 година во телевизиско интервју рече дека тоа би била негова „животна желба“. Тогаш беше потребна личност како мене да се бори, да воведе ред“, рече тогаш за Росија 1, според наводите на „Ројтерс“. Сега имаме ред и благосостојба…и време за промена во Чеченската република“.
Кадиров е близок сојузник на Владимир Путин и учествуваше во руската инвазија на Украина така што од мнозинско муслиманската Чеченија испраќаше борци на боиштето.