четврток, јули 2, 2026
Дома СВЕТ Брутален руски напад на Киев, има многу жртви и исчезнати, Финска го...

Брутален руски напад на Киев, има многу жртви и исчезнати, Финска го затвори воздушниот простор/ФОТО/ВИДЕО

0

Руските сили започнаа масовен напад врз Киев. Бројот на жртви расте во украинскиот главен град. Финска затвора дел од својот воздушен простор поради закана од руски беспилотни летала, Полска крева воени авиони.

Бројот на загинати во масовниот руски воздушен напад врз Киев се зголеми на 11, изјави денес украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, додавајќи дека службите за итни случаи сè уште работат во погодените области.

Службите работат на спасување на луѓето од урнатините, а 17 лица веќе се спасени во округот Дарница, објави Укринформ.

Се сомнева дека има и исчезнати лица, како и 34 повредени.

Руските сили започнаа масивен напад врз Киев, Киевската област и други региони на Украина преку ноќ, при што украинските власти објавија дека руските сили повторно ги таргетирале станбените области и убиле цивили, додека руската страна тврди дека целите на нападот биле воено-индустриски и енергетски објекти, како и воени аеродроми.

Финските одбранбени сили воведоа привремена зона на забрането летање над источниот Фински Залив во 4:30 часот наутро денес поради закани од руски беспилотни летала.

Генералштабот на финските одбранбени сили соопшти дека потегот е превентивна мерка поради беспилотните летала што залутале на финска територија и дека ограничувањата се укинати по 6:00 часот наутро откако не се откриени беспилотни летала во финскиот воздушен простор, објави Yle.

Полските вооружени сили во објава на платформата X соопштија дека кренале борбени авиони како превентивна мерка по масовниот руски напад врз Украина, пренесе Ројтерс.

„Овие акции се превентивни по природа и имаат за цел обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите во близина на загрозените региони.“

ИЗДВОЕНИ