
Првиот човек на актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, Дурсун Озбек, планира да испрати богата понуда за португалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Неофицијално, претседателот на „црвено-жолтите“ е подготвен да одвои околу 60 мил. евра за обештетувањето на капитенот на „црвените ѓаволи“.











