понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела се искачи на 1.700 –...

Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела се искачи на 1.700 – 5.000 се повредени, а повеќе од 15.000 останаа без покрив над глава

0
EPA/BORIS VEGRAGA

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се искачи на повеќе од 1.700 луѓе, изјави денес претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.

Родригез во обраќање на државната телевизија рече дека повеќе од 5.000 луѓе се повредени во земјотресите и дека повеќе од 15.000 останале без покрив над главата, објави „Ројтерс“.

На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди, а крајбрежната држава Ла Гваира беше најтешко погодена.

ИЗДВОЕНИ