Шпанските власти соопштија дека 53.000 од 60.000 мигранти што влегле во Сеута се вратиле во Мароко, но бројот на жртви се искачи на 86, објави Скај њуз.
Некои од мигрантите што пристигнале во Сеута им рекле на новинарите дека се бореле да најдат храна и засолниште, објави „Скај њуз“.
Неколкумина рекле дека морале да ја поминат ноќта спиејќи во шумите околу градот, додека други пријавиле тепачки за храна, објави АП.
Еден од нив, кој се претставил како Уаил, рекол дека решил доброволно да се врати во Мароко поради таквите тешкотии.
„Поминав осум дена во Сеута и се спремав да добијам кревет во центар за мигранти, но не јадев со денови. Дури и Мароканците што беа таму не ми помогнаа“, изјавил тој за АП.
Според официјални лица, најмалку 86 лица загинаа оваа недела обидувајќи се да преминат во Сеута, од кои многумина се удавија.












