сабота, јануари 31, 2026
Дома СВЕТ Бројот на жртви во нападот со автомобил во Ванкувер порасна на 11

Бројот на жртви во нападот со автомобил во Ванкувер порасна на 11

120
Foto: Screenshot

Најмалку 11 луѓе загинаа, а десетици се повредени во синоќешниот напад врз насобраниот народ, кој присуствувал на фестивал во канадскиот град Ванкувер.

Автомобил влета во публиката на фестивалот „Лапу Лапу“, посветен на филипинската култура што се одржува секоја година.

Возачот (30) е уапсен на местото на настанот. Тој имал проблеми со менталното здравје.

Канадската полиција соопшти дека инцидентот не е терористички напад.

ИЗДВОЕНИ