Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, им се обрати на европските функционери – вклучително и на европската комесарка за проширување Марта Кос – како и на сите политички групи во Европскиот парламент, во врска со предизборното видео објавено од студенти на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград.
Таа ги повика да го погледнат видеото и да проценат дали тоа промовира демократски вредности.
Станува збор за видеото со наслов „Србија не го сакаше него“, кое студентите го објавија на 19 септември. Црно-белиот материјал е фокусиран на Александар Вучиќ, придружен со пораки од граѓани кои велат дека не го сакаат за претседател и дека тој не е добредојден. Ана Брнабиќ го опиша видеото како „монструозно“ и остро реагираше. Меѓу другото, во видеото му се се закануваат на Вучиќ со затвор, а последниот кадар прикажува парче сапун во затворски туш – слика што Брнабиќ ја протолкува како закана за силување.
View this post on Instagram
„Последниот кадар во кој се прикажува сапун во затворска ќелија претставува директна закана за секој што има поинакви политички ставови – а во овој конкретен случај, за Александар Вучиќ – дека ќе биде силуван и дека таквиот вид на казнување ќе се слави и промовира“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа „Икс“.
Таа ги повика граѓаните на Србија да го запамтат видеото, за кое тврди дека прикажува невидена „омраза, болест и нехуманост“.
„Секој од нас мора да види, и сите заедно мора да запаметиме, како едно човечко суштество се дехуманизира на овој начин – исто како што го дехуманизираат Вучиќ – и како му се се заканува на толку болен и одбивен начин“, порача таа.
Таа ја заврши својата објава со порака за поддршка на Вучиќ. „Јас засекогаш стоам зад Александар Вучиќ – пријател и борец кој својот живот ѝ го посветил на Србија. И знајте дека тој никогаш нема да биде сам, и дека ние секогаш ќе ви се спротивставиме – на луѓе како вас – преку обиколка на Србија, разговори со луѓето, претставување план и програма за иднината и нудење љубов наместо вашата болна, одбивна омраза“, заклучи Брнабиќ.












