Бритни Спирс најави ИЗНЕНАДЕН ЧЕКОР во нејзината кариера откако ја напушти музичката индустрија

102

Откако Бритни Спирс (42), вети дека „никогаш нема да се врати“ во музичката индустрија, пејачката која некогаш ја нарекуваа „поп принцеза“ најави ненадеен потег во кариерата.

Иконата од 2000-тите остави белег како една од најголемите поп ѕвезди во светот со песни кои се слушаат и денес, а сега вниманието го насочи на линијата на накит. Таа им се обрати на своите следбеници на Инстаграм каде го најави својот нов потфат.

„Наскоро доаѓа мојата прва линија на накит“, напиша Бритни и го најави името како Б Тини.

„Сфаќајќи колку е прекрасно да се биде уметник кој може да биде страстен на толку многу различни начини. Б Тини наскоро“, заврши во описот Бритни.

Во 1999 година, Бритни се здоби со меѓународна слава по објавувањето на нејзиниот деби албум „Baby one more time“. После тоа, нејзиниот живот беше проследен со бројни неволји, борба со менталното здравје и турбулентни љубовни врски.

Нејзината најава дека ќе ја напушти индустријата 25 години откако се прослави, доаѓа три години откако на поп иконата и беше укинато старателството, кое над неа го имаше на нејзиниот татко и тоа по 13 години.