Во својата автобиографија „My Booky Wook“, објавена во 2007 година, британскиот комичар Расел Бранд откри дека бил во врска со пејачката Кел Брајан – членка на групата „Eternal“ – бидејќи го привлекувало тоа што таа е темнокожа.
Во книгата, Бранд опишува како ја запознал Брајан во Лондон, додека двајцата ја посетувале Академијата за театарски уметности „Италија Конти“. Тој наведува дека, со оглед на тоа што пораснал во Грејс, можноста да има девојка од друга раса му изгледала особено возбудлива и необична, пишува британски „Индепендент“.
Брајан дознала за неговиот мотив преку еден нивен заеднички пријател, Метју Ворнер, кој ѝ пренел што кажал Бранд за причините поради кои одлучил да биде со неа.
Во еден дел од книгата, Бранд ја опишува нејзината реакција. Кога таа го прашала дали е со неа само затоа што е црнкиња, тој го негирал тоа; сепак, таа му одговорила дека Ворнер ѝ ја кажал вистината и ја прекинала врската.
Во истиот дел, Бранд спомнува дека потоа го насочил вниманието кон Луиз Реднап – идна членка на групата „Етернал“ („Eternal“) – која исто така го посетувала истото училиште.
На 9 ноември, Бранд беше осуден на десет години и шест месеци затвор, откако беше прогласен за виновен за силување и три дела на сексуален напад.












