среда, јули 15, 2026
Дома МАГАЗИН Бразилските здравствени власти истражуваат сомнителен случај на ебола

Бразилските здравствени власти истражуваат сомнителен случај на ебола

51

Здравствените власти во бразилската држава Сао Паоло истражуваат сомнителен случај на ебола пријавен денес во главниот град на државата, соопштија официјални лица.

Маж од Демократска Република Конго добил треска по неодамнешната посета на африканската земја, каде што избувна епидемија на ебола, објави „Ројтерс“.

Пациентот е во изолација во болница специјализирана за лекување на сомнителни или потврдени случаи на болеста, соопштија властите во соопштението.

Во меѓувреме, министерот за здравство на Конго, Самуел Роџер Камба, вчера изјави дека бројот на сомнителни случаи на ебола се искачил на 1.028.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрехесус, кој пристигна во Киншаса за да го поддржи Конго во борбата против еболата, во петокот изјави дека смртоносната епидемија на ебола во таа земја може да се запре, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ