вторник, февруари 17, 2026
Дома LIFE „Божик го дочекуваме во сенка на трагедијата во Цетиње, се молиме за...

„Божик го дочекуваме во сенка на трагедијата во Цетиње, се молиме за оздравување на ранетите“: Трогателна честитка од Милатовиќ по повод празникот

55

На сите православни верници им го честитам Божиќ со желба тој да им донесе мир, здравје и секаква лична и семејна среќа, напиша во честитката претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

– Годинава денот на Христовото раѓање го дочекуваме во сенка на трагедијата во Цетиње, која однесе 12 невини животи, длабоко сочувствувајќи со семејствата и пријателите на жртвите, споделувајќи ја нивната болка и молејќи се за целосно оздравување на ранетите. Сега, повеќе од кога било, ни е потребна силата на заедништвото, солидарноста и меѓусебното почитување и разбирање – порача претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во божиќната честитка.

– Затоа, додава тој, нека овие благи денови не потсетат на важноста на овие највисоки вредности што не поврзуваат заедно.

– Христос се роди! Наздравје Божиќ – напиша претседателот на Црна Гора.

ИЗДВОЕНИ