петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Борче Наумовски, „министерот за естрада“, во битолска Хераклеја пред 4.000 обожаватели!

Борче Наумовски, „министерот за естрада“, во битолска Хераклеја пред 4.000 обожаватели!

54

Атрактивна локација на која ќе одржи незаборавен мегаконцерт!                        – Тоа е проект со кој ќе одбележам 30 години од мојата музичка кариера. Сè ќе биде, како што се вели, зашеќерено со камерен оркестар, на високо, професионално ниво. Со тоа ќе покажам дека фолк-естрадата не е „тезгарска“. Ќе има и многу поканети новинари, секако и вие од весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.press.

Последниот тазе настап Борче го имаше на познатиот фестивал „Роса фолк-фест“, со прекрасната песна „Моја љубов, моја судбина“, која стана хит. Тоа е нежна љубовна балада, не е класична фолк-песна. Музиката и аранжманот се на Кирил Стојчевски, а текстот на Валентин Соклески. Борче, како девица во хороскоп, е жива педантерија, што е, секако, за пофалба. Затоа ништо не ѝ препушта на случајноста. За ова лето подготвува јубилеен, солистички концерт во својата сакана Битола.

– Ќе се одржи во античкиот театар Хераклеја, на 22 јули, ден среда, среќен ден. Ќе има и многу поканети новинари, секако и вие од весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.press. Концертот ќе биде во рамките на фестивалот „Бит-фест 2026“. Тоа е еден голем музички настан не само за Битола туку и за цела Македонија, а, да не бидам скромен, и за македонската дијаспора, каде што сум многу омилен пејач. На тој начин ќе одбележам 30 години од мојата успешна музичка кариера, со речиси сите мои досега отпеани песни. Врв на музичкото задоволство ќе биде тоа што ќе настапам со камерен оркестар, па потоа нека не зборуваат напразно дека фолк-естрадата е само „тезгарска“.

Јас ќе им покажам на сите дека ние, „народњаците“, сме врвни уметници. Концертот ќе биде на отворено. Ќе го снима една од нашите национални телевизии и ќе се емитува како снимка, во рамките на празничните ТВ-програми. Самата Хераклеја е идеално место, има голем капацитет, собира и повеќе од 4.000 илјади луѓе. Па не е само Охрид единствен со таква сцена, која заслужува респект. И двете се прекрасни, треба да се гордееме со нив, како Македонци, бидејќи на нив настапуваат со воодушевување и многу познати странски изведувачи. Борче со задоволство објаснува дека секогаш има одлична екипа соработници:

– Како и за онаа песна од „Роса фолк-фест“, кога работев со „Арт- студио продукција“, со „Балкан мјузик телевизија“, така и сега. Тимот не го менувам. До летниот битолски концерт (на кој ќе настапат и гости-колеги Марјан Коцев, Миле Кузмановски, Даниела Темелковска….), ќе имам уште три-четири нови песни, кои премиерно ќе ги промовирам на сцената на Хераклеја.

Сепак, како што истакнува „министерот за естрада“, само да сме здрави, душата да ни е полна со македонски песни и да веруваме во Господ.

(Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ