Она што се најавуваше, сега доби и официјална потврда. Швајцарија ќе пристигне во Скопје без својот капитен и еден од најважните фудбалери, Гранит Џака.

Македонија и Швајцарија ќе се соочат на 26 септември, во рамките на првото коло од Лигата на нации. Натпреварот на Националната арена во Скопје е закажан за 20:45 часот, но швајцарскиот селектор нема да може да смета на Џака.

Причината е истрагата поврзана со наводите дека Џака во 2022 година користел фалсификуван ковид-сертификат. Случајот го истражува Јавното обвинителство во Луцерн.

Поради ситуацијата, Џака и Швајцарската фудбалска асоцијација одлучиле тој да не се појави на тренинг-кампот во Белек. Според досегашните информации, капитенот ќе ги пропушти следните четири натпревари на Швајцарија во Лигата на нации.

Сепак, важно е да се нагласи дека Џака се смета за невин додека не се докаже спротивното. Неговото отсуство, сепак, претставува значаен удар за Швајцарците пред гостувањето во Скопје.

ИЗДВОЕНИ