понеделник, септември 21, 2026
Дома СКОПСКА Шест градилишта казнети со по 1.300 евра

Шест градилишта казнети со по 1.300 евра

1

Инспекциските служби на Општина Центар ја засилија контролата на градилиштата на територијата на локалната самоуправа. Само во изминатата недела биле посетени 10 активни градилишта, при што биле утврдени сериозни пропусти во почитувањето на законските обврски.

–За време на теренските контроли извршени во доцните попладневни часови се констатирани нарушувања на комуналниот ред и непочитување на Законот за јавна чистота, при што се изречени шест казни во висина од по 1.300 евра. Дополнително, на три локации се отстранети блокатори и столпчиња кои биле бесправно поставени на јавни површини – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека инспекциските служби се на терен и оти покрај редовните надзори, се спроведуваат и вонредни контроли со цел заштита на животната средина, спречување на загадувањето, одржување на јавната чистота и безбедни тротоари и улици.

– Нема да толерираме нарушување на јавниот простор – порача Герасимовски.

Општина Центар апелира до сите инвеститори и градежни компании да ги почитуваат законските обврски и да преземат мерки за заштита на околината, особено при изведување градежни работи во зони со индивидуално домување.

 

ИЗДВОЕНИ