Бојана Скендеровски во новата емотивна песна “Дома“ – пее за многу наши Македонци заминати од татковината

100

По проектот “Македонијо во срце те носиме“!

Тргнаа по некои нови патишта во белиот свет, но таму во таа пуста туѓина носталгијата ги ранува. Знам тешко им е, ама животот мора да се живее, објаснува Бојана со тага во гласот

Нашата неуморна и постојано активна поп-дивата Бојана Скендеровски, која последната година дена ја препознаваме по одличниот прокет “Македонијо во срце те носиме“, деновиве гордо промовира нова песна со насловот „Дома“.  За жал, единствено изостана класичната промоција  за новинарите, кои се секогаш на нејзината страна, но Бојана вели дека испуштеното ќе го надокнади со првите денови на есен, кога горештини ќе попуштат. И кога таа ќе се одмори, малку на некоја од плажите. Да се стрпиме.                           

До тогаш убавата песна ја слушаме не само на Јутјуб каналот, туку и на топ листите на најомилени македонски мелодии. Оваа ваква за неа искрената песна, како што потенцира пејачката со моќен глас, поодамна ѝ должела на публиката, на фановите.

– Многу наши Македонци заминаа од својата родна татковина Македонија, а тоа е тажно. Заминаа од многу причини од својот топол дом. Останува само пуста желба за враќањето, повторно заспивање на истата перница…. Тргнаа по некои нови патишта во белиот свет, но таму во таа туѓина носталгијата ги ранува. Знам тешко им е, ама животот мора да се живее, обајснува Бојана со тага во гласот и со оптимизмот дека ќе дојдат подобри денови.

Песната „Дома“ е првата песна од новиот албум кој поп-дивата го работи со продуцентот Николче Мицевски. Маестро  Мицевски е автор на музиката и на аранжманот за песната, а Бојана заедно со раперот Таско го напиша текстот.

Таа и „Скендеровски продукција“, кои се продуценти и на спотот за „Дома“, воедно гордо најавуваат продолжение на споменатиот проект „Македонијо, во срце те носиме“.  Малку ќе мораме да причекаме, но со сигурност тоа ќе се случи. Како и нејзиниот голем солистички концерт овој декември со симфониски оркестар во Македонската Филхармонијата. Само, напред, нека се множат таквите убави концерти на вакви исклучителни македонски интерпретатори.                                                    И стиховите: „Кај што сонце грее, љубов извира… Во мене желба тлее назад да се вратам пак…“.     (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ