Инвестицискиот гигант „БлекРок“ (BlackRock) ја зголеми својата прогноза за американските акции, наведувајќи го ограниченото влијание на војната во Иран и силната корпоративна заработка, што треба да создаде поволна инвестициска средина.
Компанијата, која управува со средства од 14 трилиони долари за клиенти, го зголеми својот рејтинг за американските акции од „неутрална“ на „прекумерна“, објавува CNBC.
Во својата неделна анализа на пазарот, компанијата објасни дека настаните од војната претходно ја направиле претпазлива во врска со акциите. Сепак, перспективата за траен прекин на огнот сега ги наведува стратезите да заклучат дека нема да има значителни последици.
„Следевме два сигнала што би нè поттикнале повторно да ја зголемиме изложеноста на ризик откако ја намаливме пред неколку недели. Првиот е опиплив доказ за чекори ои повторно ќе го отворат протокот низ Ормутскиот теснец. Вториот е јасен показател дека преостанатото макроекономско влијание е контролирано“, наведоа од „БлекРок“, пренесе Index.hr.
„Ова доаѓа во време кога очекувањата за корпоративна заработка се зголемуваат и за САД и за пазарите во развој за 2026 година – и тоа е уште од почетокот на конфликтот на 28 февруари.“
Покрај тоа, стратезите на BlackRock додаваат дека „прагот за повторно влегување на САД и Иран во војна“, што дополнително ја ограничува потенцијалната штета.
Во исто време, изгледите за корпоративните приходи изгледаат светли. Со оглед на тоа што сезоната на приходи штотуку започнува, се очекува компаниите од S&P 500 да пријават комбиниран раст на профитот од 12,6% за првиот квартал, според податоците на FactSet. Доколку историските стапки на надминување на очекувањата се одржат, тој раст би можел да се искачи на 19%, соопшти аналитичката фирма.
Технолошкиот сектор е особено истакнат, при што се очекува заработката да порасне за дури 45% оваа година. И покрај тоа, вредноста на акциите во тој сектор забележа само скромен пораст оваа година.
Како резултат на тоа, проценката на ИТ акциите во однос на другите 10 сектори во индексот S&P 500 падна на најниско ниво од средината на 2020 година, соопшти BlackRock.
„Повторно ја зголемуваме нашата изложеност на САД и пазарите во развој поради силните очекувања за корпоративни приходи и ограничената вкупна штета врз глобалниот раст“, рекоа стратезите.
„Се фокусираме на маржите на профит во оваа сезона на заработка во првиот квартал од САД и продолжуваме да ги фаворизираме тематските можности како што е одбраната.“
Овие два региона се единствените за кои BlackRock во своето портфолио на акции ја држи оцеката „прекумерна изложеност“.












