Нова, контроверзна изјава на Даниела Чавез ја бранува јавноста. Чилеанската ѕвезда на „Oнли фанс“ објави дека нема да објавува провокативни содржини сè додека аргентинскиот фудбалски клуб Хигинс не го отпушти тренерот Лукас Боваљо.
Нејзиниот револт доаѓа по слабите резултати и елиминацијата од Копа Либертадорес, особено по поразот од Депортес толима. Таа дури изјави дека тренерот „ја убил нејзината желба за љубов“.
Чавез со години заработува милиони преку платформата и дел од средствата вложува во фудбалот. Позната е и по ангажманот во „Плејбој“, како и по наводната врска со Кристијано Роналдо.
Со овој потег повторно предизвика огромно внимание и бурни реакции на социјалните мрежи.











