Светска здравствена организација соопшти дека девет медицински работници се убиени, а уште седум се ранети во пет одделни напади врз здравствени установи во јужен Либан, пренесува Ројтерс.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека нападите ги погодиле медицинските тимови во пет села и сериозно го нарушиле функционирањето на здравствениот систем.

Според него, четири болници и 51 центар за примарна здравствена заштита се затворени, додека дел од останатите установи работат со значително намален капацитет.

СЗО предупредува дека повторените напади врз здравствени објекти имаат тешки последици врз цивилното население и пристапот до основна медицинска грижа.

ИЗДВОЕНИ