сабота, ноември 21, 2026
Дома БАЛКАН Ново убиство во редовите на Шкаљарскиот клан: Ликвидиран Милош Ѓуричковиќ, полицијата трага...

Ново убиство во редовите на Шкаљарскиот клан: Ликвидиран Милош Ѓуричковиќ, полицијата трага по убиецот

0

Милош Ѓуричковиќ (56), кој во полициските евиденции се води како припадник на организираната криминална група „Шкаљари“, е убиен утринава во селото Бајице, во близина на Цетиње, објави РТЦГ.

Во полициското соопштение се наведува дека полициските службеници го блокирале поширокото и потесното подрачје, како и локалните патишта, а во тек е потрага по сторителот.

Во соопштението се додава дека дежурната служба на Одделението за безбедност Цетиње утринава била известена дека во Бајице е пронајдено тело на маж. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници утврдиле дека М.Ѓ. (56) – припадник на организирана криминална група – е убиен со огнено оружје.

ИЗДВОЕНИ