Летонскиот кошаркар Давис Бертанс официјално ѝ стави крај на својата репрезентативна кариера по 15 години настапи во националниот дрес.
Триесет и тригодишниот крилен кошаркар дебитираше за Летонија во 2011 година, а во националниот тим одигра 80 натпревари, со просек од 9,6 поени и 3,3 скока на натпревар.
Беше дел од историскиот настап на Летонија на Светското првенство во 2023 година, а настапи и на три европски првенства: во 2011, 2017 и 2025 година.
- Дојде време да го послушам своето тело. Со голема гордост и благодарност ѝ ставам крај на мојата репрезентативна кариера. Верувам дека ја оставам репрезентацијата во многу подобра позиција отколку кога почнав – напиша Бертанс.
Искусниот кошаркар моментно настапува за Дубаи, а во текот на богатата кариера играше и за Сан Антонио, Вашингтон, Далас, Оклахома, Шарлот, Басконија, Партизан, Олимпија Љубљана и за уште неколку европски клуба.











