четврток, јуни 25, 2026
Дома МАГАЗИН Белата куќа открива: Доналд и Меланија зад ѕидовите на резиденцијата водат одвоен...

Белата куќа открива: Доналд и Меланија зад ѕидовите на резиденцијата водат одвоен живот – спијат одвоено, а Првата дама е особено незадоволна од едно

0
EPA/Yuri Gripas / POOL

Новите наводи за врската меѓу Доналд и Меланија Трамп повторно го привлекоа вниманието на јавноста откако во книгата „Промена на режимот: Внатре во империјалното претседателство на Доналд Трамп“ беа објавени детали од нивниот живот во Белата куќа.

Авторите на книгата, новинарите Меги Хаберман и Џонатан Свон, тврдат дека брачната двојка долго време водела прилично одвоен приватен живот.

Според нивните информации, претседателот и неговата сопруга не делат иста спална соба.

Доналд Трамп наводно користи соба на вториот кат од резиденцијата, која ја уредувал според свој вкус. Наводно, тој обрнувал посебно внимание на секој детаљ од ентериерот, дури и кога тој не се совпаѓал со желбите на првата дама.

Извори од Белата куќа тврдат дека нивните вкусови за уредување на домот честопати се разликувале. Меланија наводно претпочита едноставен и елегантен стил со посветли бои, додека Трамп претпочита потемни тонови и декорација со многу луксузни детали.

Покрај одделните спални соби, тие наводно користат и одделни бањи, што дополнително ги поттикна шпекулациите за растојанието меѓу сопружниците.

Реновирање

Според авторите, првата дама е незадоволна и од реновирањето на Белата куќа. Особено ја вознемирува реновирањето на делови од Источното крило, каде што некогаш се наоѓала нејзината канцеларија.

Затоа Меланија Трамп сè повеќе поминува време надвор од Вашингтон. Таа претпочита да престојува во Трамп Тауер во Њујорк или во семејниот имот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што има повеќе приватност и мир отколку во главниот град.

Појавувањата на Меланија

Некои официјални настани покажаа и дека таа ретко се појавува со својот сопруг.

За време на значајната посета на Кина, претседателот беше придружуван од членови на администрацијата, деловни соработници и дел од семејството, додека Меланија остана во Вашингтон, без дополнителни објаснувања за јавноста.

Иако тие често се појавуваат заедно во јавноста и оставаат впечаток на хармоничен пар, приказните за нивниот приватен живот не се нови.

Слични информации за одвоен начин на живот циркулираа и во претходните години, особено за време на нивните престојувања во Флорида. Најновите откритија само дополнително го поттикнаа јавниот интерес за тоа што навистина се случува зад затворените врати на претседателската резиденција.

 

ИЗДВОЕНИ